За нас

ПРОЕКТ „ОДРЖЛИВ И ИНКЛУЗИВЕН РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ“

Краток опис на проектот и спроведените грантови шеми за инвестициски и иновативни проекти

Регионалниот економски развој е главна цел на Владата на Република Северна Македонија. Тоа е предуслов за зајакнување на социјалниот и економскиот развој на регионите.

Зголемување на транспарентноста во распределбата на буџетските средства во осумте плански региони од државата и намалување на диспаритетите во и помеѓу планските региони, се едни од целите кои ќе се постигнат со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во вкупните средства за проектот Министерството за локална самоуправа учествува со 1.269.440 CHF, Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори со 474,664 CHF и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) со 3.320.000 CHF.

Вкупното времетраење на проектот е три години, од декември 2017 година до декември 2020 година.

Резултатите од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ се:

  • Владата издвојува и спроведува средства за рамномерен регионален развој на транспарентен и предвидлив начин и според нивото на развој на планските региони.

  • Потребите и барањата на граѓаните, вклучувајќи ги и оние на ранливите групи, систематски се вклучуваат од Советите за развој на планските региони во планирањето
    на регионалниот развој.

  • Центрите за развој на планските региони (ЦРПР) за сите осум плански региони, особено
    за помалку развиените, ја подобруваат нивната ефикасност и ефективност.

ул. Кирил и Методиј, 54
Скопје, 1000
Република Северна Македонија

Phone: +389 (2) 3253921
Fax: +389 (2) 3253920
Email: info@mls.gov.mk

©2019 Министерство за локална самоуправа
Одржлив и инклузивен рамноправен регионален развој

Актуелно

Грантова шема за инвестициски проекти

Грантова шема за иновативни проекти

Документи

Публикации

ул. Кирил и Методиј, 54, Скопје, 1000
Република Северна Македонија

Phone: +389 (2) 3253921
Fax: +389 (2) 3253920
Email: info@mls.gov.mk

©2019 Министерство за локална самоуправа
Одржлив и инклузивен рамноправен регионален развој