Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион

Published by on

JУГОЗАПАДЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: УРЕДУВАЊЕ НА АТРАКТИВНИ ЗОНИ И ПАТЕКИ ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Апликант: Центар за развој на Југозападниот плански регион
Партнери: Општина Струга, Општина Охрид, Општина Дебрца
Вкупен буџет: 7.773.702 МКД
Сопствено учество: 1.689.389 МКД
Учество од МЛС/СДЦ: 6.084.313 МКД

Основната цел на проектот е да се збогати туристичката понуда преку изградба на пешачки патеки и уредување на атрактивни места кои водат до природни, културни, археолошки локалитети и туристички вредности во урбаните и руралните средини, а со тоа да се зголеми бројот на туристи и времето на престој во Југозападниот регион. Со реализацијата на проектот ќе се придонесе за унапредување на имиџот на Југозападниот плански регион како туристичка дестинација, како и на квалитетот на доживувањето на туристите, посебно на индивидуалните гости, што доаѓаат во Охрид, Струга и Дебрца.

Реализацијата на проектот се однесува на уредување на пешачка патека Струга – Калишта на која ќе се спроведе обележување и осигурување на трасата, расчистување на трасата од грмушки, дрва и корени, набавка, транспорт и вградување на тампонски слој од дробен камен, набавка, транспорт и поставување на асфалтен слој, уредување на пешачката патека кај Слатинско Езеро, изградба на паркинг со тротоар, изведба на летниковци, поставување урбана опрема и изградба на пешачка патека од Саат Кула до Горна порта.

РЕЗУЛТАТИ:

Создавање услови за подинамичен развој на туристичката дејност во Југозападниот регион преку уредување на 3 нови рекреативно уредени патеки во вкупна должина од 2056 м, 3 нови видиковци и 1 нов паркинг за возила и велосипеди.

Поставување 16 единици со нова урбана опрема.

Поставување на новите патеки во Андроид ГИС апликацијата SW Macedonia attractions, за полесен преглед за сите туристички содржини во трите општини партнери и во регионот.

Зголемено времетраење на престојот на туристите во Југозападен регион.

Олеснување на пристапот до значајни туристички атракции во Југозападниот регион за сите категории на посетители.