Грантова шема за инвестициски проекти

Меѓу клучните активности за да се постигнат целите на проектот е имплементирање на алатки преку кои се промовираат модерни техники кои ги користат сите земји членки на ЕУ, како што се инклузивност и партиципативност на сите граѓани во регионите. Во таа насока, во рамките на проектот беше спроведена грантовата шема за инвестициски проекти за која можеа да аплицираат единствено Центрите за развој на планските региони. Согласно грантовата шема, областите на интервенција во оваа програма беа животна средина, социјална инклузија, бизнис инфраструктура и туризам. Проектите во сите 8 региони беа избрани преку организирање на регионални форуми на кои учествуваа претставници од граѓанскиот, невладиниот, образовниот и бизнис секторот, како и лично самите граѓани.

Во секој плански регион финансиски е поддржана реализација на по еден проект којшто во процесот на консултација го избираа граѓаните, за што се обезбедени вкупно 850 илјади швајцарски франци.

Приоритетниот проект во најразвиениот, Скопскиот плански регион добива средства во висина од 60 илјади швајцарски франци, а во најмалку развиениот, во Североисточниот плански регион, 145 илјади швајцарски франци.

КРАТОК ОПИС НА ОДОБРЕНИТЕ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА ГРАНТОВАТА ШЕМА ЗА ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ

ул. Кирил и Методиј, 54
Скопје, 1000
Република Северна Македонија

Phone: +389 (2) 3253921
Fax: +389 (2) 3253920
Email: info@mls.gov.mk

©2019 Министерство за локална самоуправа
Одржлив и инклузивен рамноправен регионален развој

ул. Кирил и Методиј, 54, Скопје, 1000
Република Северна Македонија

Phone: +389 (2) 3253921
Fax: +389 (2) 3253920
Email: info@mls.gov.mk

©2019 Министерство за локална самоуправа
Одржлив и инклузивен рамноправен регионален развој