Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар БИСЛИМ (БИСЛИМ)

Published by on

СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: УРЕДУВАЊЕ И ВАЛОРИЗАЦИЈА НА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЕКО-ЦЕНТАР БИСЛИМ (БИСЛИМ)

Апликант: Центар за развој на Североисточен плански регион
Партнери: ЛАГ „АБЕР 2015“
Вкупен буџет: 7.914.100 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 7.914.100 МКД

Проектот за развој на локалитетот БИСЛИМ и 7 километарската Бислимска клисура која што поседува огромен неискористен потенцијал за развој на најразличен вид алтернативен спортски и рурален туризам, во себе предвидува изградба на спортски центар кој нуди разновидни активности.

Имплементација на проектните активности би значело подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, социјална инклузија, зголемен интерес за спорт и портски активности кај младите, формирање спортски друштва, развој на конкурентна уристичка понуда, создавање на поволни услови за јавно-приватно партнерство и многу други.

Овие активности би можеле да ги користат голем број граѓани и туристи од најразлични возрасти, како и ранливите категории граѓани. Спроведувањето на овој проект е од огромна важност за овој регион, бидејќи би поттикнал негов туристички, економски и социјален развој како и би дал придонес за задржување на неговото население кое во последните години значително се намалува.

Ефектите од проектот се долгорочни и истиот е самоодржлив преку средствата кои ќе се обезбедат од посетителите.

РЕЗУЛТАТИ:

Целосно опремување и адаптација на околината на клисурата, набавка и поставување урбана опрема, обележување на патеки за трекинг, планинарење, спортско качување, планински велосипедизам како и кајакарски патеки на реката Пчиња.

Изградени и уредени патеки за спортско качување и ВИА-ФЕРАТА – поставени 60 патеки за спортски качувачи по карпи.

Набавување на 15 кајаци со комплетна опрема за кајакарство која можат да ја користат и лицата со посебни потреби.

Набавување на 8 машки, 8 женски велосипеди и 6 електрични велосипеди и мобилна работилница за планински велосипедизам.

Набавување на 2 мотори со погон на 4 тркала, за потреби од аспект на прва помош и друга логистичка поддршка.

Изработување на мобилна апликација со GPS (за сите знаменитости, пешачки и велосипедски рути и патеки прилагодени за лица со посебни потреби).