Изградба на иновативно мултифункционално игралиште во Општина Сарај, С. Кондово

Published by on

СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ИЗГРАДБА НА ИНОВАТИВНО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ, С. КОНДОВО

Апликант: Центар за развој на Скопски плански регион
Партнери: ОУ „Бајрам Шабани“ – Општина Сарај, с. Кондово
Вкупен буџет: 1.664.856 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 1.664.856 МКД

Со цел искористување на придобивките кои ги носи спортот и спортските активности кај децата уште од најрана возраст, овој проект предвидува изградба на ново игралиште во село Кондово, Општина Сарај. На простор од 1000 м2, постои стар и запуштен спортски терен кој претставува опасност за корисниците кои на тој простор спортуваат. Затоа, со реновирање и реконструирање на истиот, децата ќе добијат место каде ќе можат безгрижно да играат и здраво и правилно да растат и да се развиваат.

Реализацијата на овој проект би донела бенефит за повеќе 3000 граѓани од овој регион, меѓу кои примарно учениците, потоа и младите, студентите, спортистите и спортските клубови.

РЕЗУЛТАТИ:

Целосно опремување, осветлување и уредување на просторот со цел да се добие мултифункционално игралиште за повеќе спортови како кошарка, фудбал и одбојка.

Зголемување на квалитетот на образовните установи на иновативен начин преку подобрување на средината во која се одвива учењето.

Привлекување на младите кои своето слободно време би го поминувале во спортски активности.

Зголемување на физичката активност кај децата со што би се подобрило социјалното однесување, поттикнување на создавање пријателства преку спортот и подобрување на животните навики.

Овозможување пристап за лица со посебни потреби со цел да бидат вклучени во спортските настани и активности.