Визуелизација на туристичките атракции во Југозападниот плански регион

Published by on

JУГОЗАПАДЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

JУГОЗАПАДЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ АТРАКЦИИ ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Апликант: Центар за развој на Југозападниот плански регион
Партнери: Општина Македонски Брод, Општина Вевчани, Општина Дебар, Општина Дебрца
Вкупен буџет: 2.119.842 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 2.119.842 МКД

Реализацијата на овој проект ќе доведе до развивање на алтернативни форми на туристички активности, базирани на селективните видови на туризам на територијата на четири општини во Југозападниот плански регион и подигнување на локалната туристичка понуда, пред сè, во руралните микро средини во регионот.

Со овој проект се предвидува утврдување и уредување на локации за поставување на инфо- точките (info touch panels) во Општините Македонски Брод, Вевчани, Дебар и Дебрца, изработка на текстови и фотографии за туристичките атракции во четирите општини, превод на содржините на англиски јазик, изработка на софтверско решение за презентација на туристичките атракции од 4те ЕЛС, набавка на инфо-киосците и нивно поставување на соодветните локации и промоција на инфо-точките (info touch panels) во четирите општини. Согласно декларациите на производителите на опремата предвидено е инфо-киосците да имаат економски живот од пет години, по што е нужно да се изврши замена на дел од хардверската опрема.

РЕЗУЛТАТИ:

Афирмација на вредностите на руралните средини во регионот кои треба да бидат вметнати во туристичката понуда на тур-операторите, но и на локалните туристички агенции.

Информирање и промовирање на туристичките атракции.

Достапност до информации преку инфо-точки за сите категории граѓани и туристи.

Редистрибуција на посетителите од најпосетените локации во другите помалку познати микро-средини во регионот.