Инклузивни паметни училници (У-Смарт)

Published by on

СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ИНКЛУЗИВНИ ПАМЕТНИ УЧИЛНИЦИ (У – СМАРТ)

Апликант: Центар за развој на Третиот – Североисточен плански регион
Партнери: ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово
Вкупен буџет: 2.097.820 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 2.097.820 МКД

Фокусот на овој проект е образованието, поточно создавање вештини и еднакви можности за користење на иновативни софтверски алатки и информатичко компјутерската технологија во основното образование, преку практични примери за виртуелна технологија. Преку инклузивните паметни училници ќе се интегрираат учениците со посебните образовни потреби во редовната настава и ќе имаат еднаква можност да пристапат до секоја паметна инклузивна училница.

Со набавка на нова технологија којашто би била вклучена во наставниот процес, во основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ кои делат заеднички простории, директен бенефит ќе имаат преку 2000 ученици, како и 40 деца со посебни потреби, од овој регион.

РЕЗУЛТАТИ:

Поставени на “SMART Display” односно паметни екрани во сите 46 училници каде посетуваат настава 2000 ученици од двете основни училишта.

Набавка на два Lifkar – Гасеничари за пренос на лица со инвалидитет по скали.

Развивање вештини кај учениците за креативно размислување за метода за користење паметни екрани со едукативни апликации збогатени со 3Д реалност.

Развивање вештини за минимум 40 ученика со посебни образовни потреби за користење паметните екрани со апликации збогатени со 3Д виртуелна реалност.

Поставување на една инклузивна паметна училница во училиштата во општина Старо Нагоричане и Ранковце, односно по еден смарт дисплеј во по едно основно училиште: ООУ „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане и ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Ранковце.