Реконструкција на ски лифтовите на Пониква

Published by on

ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СКИ ЛИФТОВИТЕ НА ПОНИКВА

Апликант: Центар за развој на Источен плански регион
Партнери: Општина Кочани
Вкупен буџет: 5.139.483 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 5.139.483 МКД

Со проектот се опфаќа реконструкција на постојните ски лифтови со должина од вкупно 692 метри, односно 248 метри (ски лифт бр.1) и 444 метри (ски лифт бр.3). Комплетната реконструкција на старите и нефункционални ски лифтови се однесува на замена на сајли, котви, лагери, редуктори, комплетна електроника, репарација на стопи и бојадисување на столбови и друго. Со реконструкцијата на ски лифтовите на Пониква ќе се зголеми побарувачката за спортски туризам, ќе се привлечат спортски клубови и спортисти, како и аматери, деца и љубители на зимскиот туризам и ќе се зголеми безбедноста на посетителите. Со комплетната реконструкција на старите и нефункционални ски лифтови се очекува да се подобрат условите за скијање, да се намалат досегашните гужви, односно да се зголеми капацитетот на овие ски лифтови.

Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за работа на ски клубовите и школите за млади скијачи, како и подобри услови за скијање на сите потенцијални скијачи и туристи на Пониква. Реконструираните ски лифтови ќе бидат достапни за употреба на сите категории граѓани (деца, ученици, студенти, вработени, невработени, пензионери), а за ранливите категории граѓани кои имаат желба за скијање ќе бидат обезбедени посебни поволности (организиран превоз и бесплатно скијање).

РЕЗУЛТАТИ:

Зголемување на атрактивноста и подобрување на туристичката понуда за посетителите на Спортско рекреативниот центар Пониква во зимскиот период

Зголемување на бројот на скијачи за 20% и зголемување на бројот на туристи во регионот за 10%.

Отворање на нови угостителски објекти и отворање на нови работни места

Зголемен капацитетот на овие ски лифтови.