Преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – I фаза од спроведување се организираат осум меѓународни конференции во сите плански региони

Published by on

Во изминатиот период организирани беа пет конференции во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Полошки и Југозападен регион. Останатите три региони своите конференции ќе ги одржат во септември.

Главна цел на конференциите е подигнување на свеста за рамномерен регионален развој во сите региони и кај сите чинетели кои се директно или индиректно вклучени. Секоја конференција е дводневна, со презентација од страна на локални и меѓународни експерти на клучни тематики од областа првиот ден и тркалезни маси поделени по области во вториот ден каде секој од присутните дава свој инпут на темите предложени за дискусија.

Конференциите се наменети за претставници од научната фела, опертативци од министерствата и од други владини структури, регионални институции, локални самоуправи, приватен сектор, стопански комори и граѓански организации кои што работат на локален и регионален развој од земјата и регионот.

Ваков тип на конференции се од исклучителна важност за споделување на концептот за рамомерен развој, за подигнување на свесноста на сите околу концептот на полицентричен и динамичен развој како и за согледување и визибилност на оваа политика и се што е досега сработено. Најголемата тежина се добива со присуство на различни чинители од невладин и приватен сектор како и од јавна администрација. До сега се покажа како успешна активност сооглед на посетеноста на конференциите.

Categories: Вести