Паметни инфо и промо центри (ПИПЦ)

ПОЛОШКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ПАМЕТНИ ИНФО И ПРОМО ЦЕНТРИ (ПИПЦ)
Апликант: Центар за развој на Полошки плански регион
Партнери: /
Вкупен буџет: 6.437.054 МКД
Сопствено учество: 399.066 МКД
Учество од МЛС/СДЦ: 6.037.988 МКД
Овој проект предвидува отворање на Паметни Инфо и Промо Центри, или скратено ПИПЦ, со кои би се подобрило целокупното туристичко искуство на посетителите на овој регион. Во проектот се предлага изградба и опремување на три ПИП Центри кои би биле поврзани со дигитална платформа, која би била ажурирана со најнови релевантни податоци за туристички, авантуристички, угостителски, хотелски, музејски и сличен вид податоци, придружени со маркетинг и промотивни материјали достапни во Центрите, како и обуки за опслужување, односи и комуникација на службениците кои ќе бидат вработени во центрите.
Отворањето на овие ПИП Центри би значело полесен пристап до информации за сите и полесен начин на директна, лице-в-лице комуникација со туристите. Ова би се постигнало преку вкрстување на расположливите податоци и информации од сите канали на комуникација, како и преку дигитална платформа која овозможува размена на податоци во реално време за посетителите на туристичкото место. Проектот директно засега околу 176 илјади граѓани од овој регион.

РЕЗУЛТАТИ:
Воспоставува на 3 нови, вмрежени ПИП Центри во регионот: Гостивар, Маврово и Попова Шапка.
Креирање и ажурирање на регистар на туристички атракции, настани и производи.
Собирање податоци, маркетинг, понуда на ажурирани податоци кои би генерирале зголемен профит, како и креирање на т.н. скроени (custom tailored) туристички производи кои се во склад со побарувачката, тренд кон кој се повеќе се стремат сите светски туристички места.
Зголемување на туристичката понуда за 6%, преку старт ап иницијативи, зголемување на вработувањата во регионот за 1-2% во првите 18 месеци, како и зголемување