ОИРРР Грантова шема за инвестициски проекти

Published by on

Меѓу клучните активности за да се постигнат целите на проектот е имплементирање на алатки преку кои се промовираат модерни техники кои ги користат сите земји членки на ЕУ, како што се инклузивност и партиципативност на сите граѓани во регионите. Во таа насока во рамките на проектот беше спроведена грантовата шема за инвестициски проекти за која можеа да аплицираат единствено Центрите за развој на планските региони. Согласно грантовата шема, областите на интервенција во оваа програма беа животна средина, социјална инклузија, бизнис инфраструктура и туризам.

Проектите во сите 8 региони беа избрани преку организирање на  регионални форуми во периодот февруари – март 2019 година, на кои учествуваа  претставници од граѓанскиот, невладиниот, образовниот и бизнис секторот, како и лично самите граѓани. Во секој регион се организираа по три регионални форуми преку кои уште еднаш се потврди суштината на овој процес на вклученост и непосредна демократија во носење на одлуките на локално ниво.

На дел од форумите учество земаа и Министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу, како и претставникот на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) г-ѓа Кристина Колозова.

Проектната канцеларија непосредно го следеше спроведувањето на форумскиот процес.

Во секој плански регион финансиски е поддржана реализација на по еден проект кој што во процесот на консултација го избираа граѓаните, за што се обезбедени вкупно 850 илјади швајцарски франци. Приоритетниот проект во најразвиениот, Скопскиот плански регион добива средства во висина од 60 илјади швајцарски франци, а во најмалку развиениот, во Североисточниот плански регион, 145 илјади швајцарски франци. b

Categories: Вести