Иновациите во функција на регионален развој на туризмот – Пелагонија создадена за авантура

Published by on

ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ИНОВАЦИИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ – ПЕЛАГОНИЈА СОЗДАДЕНА ЗА АВАНТУРА

Апликант: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион
Партнери: /
Вкупен буџет: 2.091.000 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 2.091.000 МКД

Пелагонискиот регион во себе носи огромен потенцијал за авантуристички туризам, кој за жал до сега е далеку од искористен. Активностите предвидени во овој проект се во насока кон максимално искористување на тој потенцијал. Еден од сегментите што придонесуваат за туристичкото искуство е поврзан со адреналинскиот туризам и адреналинските искуства коишто туристите сакаат да ги доживеат при посета на некоја нова дестинација. Во моментот во Пелагонискиот регион не постои заеднички простор со наменски содржини и инфраструктура (адреналински парк) што може да се користи за активности за адреналински туризам. Со воспоставувањето на првиот парковски комплекс со адреналински содржини за деца и возрасни каде што ќе може различни таргет групи посетители, домашни и странски туристи, да практикуваат адреналински активности, ќе се збогати и надгради постоечката туристичка понуда на регионот, тука ќе може да се дружат, забавуваат, едуцираат и рекреираат и туристи но и домашни посетители од регионот и пошироко. Сето тоа ќе придонесе кон позиционирање на Пелагонискиот регион како дестинација за авантуристички туризам.

Преку активностите во проектот ќе се постави функционален адреналински парк за деца и адреналински парк за возрасни на територијата на НП Пелистер, кои ќе бидат достапни за користење на целото население од регионот и пошироко, промовирајќи еднакви можности и недискриминација, изградба на едукативно катче на отворено каде што ќе може да се одржуваат едукативни настани и средби од различен тип формално и неформално образование.

РЕЗУЛТАТИ:

Збогатување на туристичката понуда на регионот.

Изградба на адреналински парк Создавање еднакви и современи услови за едукација, социјализација и инклузија на децата и возрасните лица.

Изградба на едукативно катче на отворено (училница во природа).

Директен бенефит за повеќе од 230 илјади жители.

Изработка на е – платформа за туристичка промоција на Пелагонискиот регион.