Инклузивно детско игралиште
СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ИНКЛУЗИВНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ
Апликант: Центар за развој на Скопски плански регион
Партнери: Општина Карпош
Вкупен буџет: 3.476.442 МКД
Сопствено учество: 192.354 МКД
Учество од МЛС/СДЦ: 3.284.088 МКД
Преку проектот се врши поместување на границите и рушење на невидливите, но сепак повеќе од присутни бариери, помеѓу децата со правилен раст и развој и децата со попреченост –
создавање сигурна и стимулативна заедница за прифаќање и соработка, на едно место. Токму ова би значело постигнување на еднакви можности и инклузивност на децата со попреченост.
Предвидено е изградба на детското инклузивно игралиште, кое би се простирало на 450 м2 опремено со реквизити кои се прилагодени за деца без попреченост, но и на оние со полесни
и потешки физички пречки, со што се создава сигурна, стимулативна заедница на прифаќање и соработка, во која секој е ценет.
Средствата од проектот се наменети за набавка на клацкалки, нишалки, вртелешка, кош на пониско ниво, голем замок со рампи, базени со песок, кои би биле на растојание кое овозможува
непречено движење на инвалидските колички и други видови помагала, поплочување на игралиштето со гумена подлога, изградба на фонтана за пиење вода, поставување на LED
осветлување, клупи за одмор, канти за отпадоци.
РЕЗУЛТАТИ:
Социјализација на децата и нивните родители и поттикнување интерес за спортски активности.
Поттикнување социјална интеграција, инклузивност и отвореност за еднакви можности за децата со физичка попреченост.