Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот

Published by on

JУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

JУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ЗАЕДНИЧКИ РАБОТЕН ПРОСТОР – СРЕДСТВО ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО БИЗНИС СЕКТОРОТ

Апликант: Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Партнери: Фондација за развој на мали и средни претпријатија
Вкупен буџет: 2.374.335 МКД
Сопствено учество: 276.515 МКД
Учество од МЛС/СДЦ: 2.097.820 МКД

Главна цел за реализација на овој проект е подобрување на претприемачкиот амбиент за промовирање на МСП во Југоисточниот плански регион. Со создавање на заеднички работен простор се придонесува кон збогатување на бизнис – екосистем за поддршка на претприемништво преку иновативен инструмент по теркот на најновите трендови во оваа област.

Поаѓајќи од ова, а истовремено користејќи ги искуствата на другите земји во имплементирање на таканаречен Заеднички работен простор, овој проект има за цел да им овозможи на МСП од регионот инфраструктура што ќе им помогне да ја подобрат ефикасноста на своето работење, да стапат во контакт со потенцијални партнери и евентуално да иницираат заедничка соработка со други претпријатија или со академскиот сектор. Освен тоа, заедничкиот простор за работа, за Центарот ќе претставува ефикасен инструмент за приближување кон бизнис секторот од целиот Југоисточен регион и остварување на поинтензивни релации. Во заедничкиот простор предвидено е организирање настани со цел иницирање на соработка помеѓу МСП, бизнис асоцијациите, НВО и академскиот сектор. Во рамките на проектот влегува и промоцијата на проектните активности и постигнати резултати.

РЕЗУЛТАТИ:

Воспоставување и целосно опремување на Заеднички работен простор придружено со Сала за состаноци од 92,6 квадратни метри.

Овозможување на активно користење на заедничкиот работен простор од најмалку 20 корисници.

Креирање и понуда од најмалку 5 услуги за потенцијалните корисници.

Подобрување на условите за поинтензивна соработка помеѓу претставници од бизнис секторот и образовните институции.