Воспоставување на социјално претпријатие за одржлива неформална едукација во туризмот

Published by on

ПОЛОШКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ОДРЖЛИВА НЕФОРМАЛНА ЕДУКАЦИЈА ВО ТУРИЗМОТ

Апликант: Центар за развој на Полошкиот плански регион
Партнери: /
Вкупен буџет: 2.101.801 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 2.101.801 МКД

Со овој проект се предвидува адаптација на училниците во руралните средини во испразнети или полуиспразнети училишта односно во кабинети за обуки за готвење. Ваквите кабинети би биле опремени со современи кујни во кои настава ќе може да следат учесници од постоечките хотели и ресторани, како и невработени лица од руралното население кои се заинтересирани да работат во некој хотел или ресторан или сакаат да отворат свој бизнис. Подигнувањето на квалитетот на храната и услугите во туристичките капацитети, помогнато од подобреното информирање и промовирање на туристите, меѓусебно вмрежување и пристапување до меѓународниот пазар на бизнисите од регионот, како и развивање на онлајн алатки за истите цели, се очекува видно да ја подобрат состојбата со искористување на туристичкиот потенцијал, а со тоа и на економскиот развој.

РЕЗУЛТАТИ:

Создавање и адаптирање на просторија/ училница за обуките.

Воспоставување на првото социјално претпријатие во Полошки регион кое ќе продолжи со поддршка на слични активности на руралното население.

Реконструкција на просторија во ПОУ Инстикбал во село Гарје во училница/ кујна.

Надградба на постоечка програма за готвење, со традиционални рецепти и состојки.