Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина

Published by on

JУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: АГРОМЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Апликант: Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Партнери: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина, Радовиш, Општина Струмица
Вкупен буџет: 5.077.786 МКД
Сопствено учество: /
Учество од МЛС/СДЦ: 5.077.786 МКД

Набавката на агрометеоролошки станици во Југоисточниот регион од државата ќе доведе до подобрување на условите за заштита на животната средина преку воведување на современи технологии во земјоделството, намалување на загаденоста на воздухот, почвата, водата, подобрена информираност на земјоделците за болести кои може да се јават на одредени култури во одреден временски период, намалување на трошоците за заштита на земјоделските производи, поголема вклученост на жените во земјоделскиот сектор.

Главна цел на проектот е подобрување на условите за заштита на животната средина преку воведување современи технологии во земјоделството. Преку проектот се предвидува осовременување и олеснување на начинот на одгледување на земјоделските култури преку набавка на 23 агрометеоролошки станици во сите 10 општини во регионот и подигање на свеста на земјоделците за ризиците предизвикани од прекумерно третирање на почвата како и обучување за користење на еден нов начин на управување со земјоделските култури преку кој ќе се овозможи добивање правовремени информации за временските услови и можните болести кај земјоделските култури.

РЕЗУЛТАТИ:

Осовременување и подобрување на земјоделското производство преку инсталирање на 23 станици за контрола утврдени според бројот на култури кои најчесто се одгледуваат во општините.

Подобрување на квалитетот на овошјето и зеленчукот преку намалување на обемот на третирање со хемиски препарати врз земјоделските култури (намалување за најмалку 2/3 на годишно ниво).

Развој на 2 решенија за олеснет пристап на земјоделците до информации за климатските промени.

Mобилна апликација преку којашто се добиваат информации за најмалку 8 временски параметри (температура на воздух, влажност на воздух и воздушен притисок, количество на врнежи, брзина на ветер, влажност на лист, глобално сончево зрачење, влажност на почва, температура на почва).

Развој на 1 софтвер како решение за прогноза на болести (бројот на софтвери ќе зависи од избраните култури за кои ќе биде инсталиран).

Можности за користење на податоците од сите образовни институции, самостојни истражувачи и консултанти.